1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антиамерикански протести во Ирак

9 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFc

Илјадници Ирачани излегоа на улиците за да протестираат на четиригодишнината од вмарширањето на американските трупи во нивната земја.Демонстрациите ги иницираше радикалниот шиитски водач Моктада ел Садр,кој ги обвини Американците дека се одговорни за растечкото насилство во Ирак. Во градовите Наџаф и Куфа демонстрантите извикувале антиамерикански пароли и газеле американски и израелски знамиња.Ирачкото раководство соопшти дека годишнината од падот на Садам Хусеин во иднина нема да биде национален празник.