1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антисемитизмот е присутен во Германија во „значителен обем“

23 јануари 2012

Непријателските ставови кон Евреите, според проценките на експертите, се во „значителен обем“ раширени во Германија. Кај една петтина од населението се забележува латентен антисемитизам.

https://p.dw.com/p/13oZz
Извештајот беше претставен денеска во БундестаготФотографија: picture-alliance/dpa

Во извештајот за антисемитизмот во Германија, претставен денеска во германскиот Бундестаг, се вели дека антисемитизмот го шират пред се‘ десните екстремисти. „Повеќе од 90 проценти од антисемитистичките кривични дела ги извршуваат лица од овој спектар“, изјави во парламентот историчарот Петер Лонгерих. Според него, „антисемитизмот во општеството се заснова на раширените предрасуди, длабоко вкоренети клишеа и едноставно непознавање на еврејството и Евреите“.

Но, антисемтизмот не е само маргинален феномен. Тој стигнува до средиштето на општеството. Во извештајот стои дека расистички, десно екстремистички и антисемитистички пароли, има и натаму на фудбалските игралишта. Пароли како „Евреите во гасна комора“ или „Синагогите мора да горат“, не се реткост на натпреварите во регионалната лига. Зборот „Евреин“, кажан во погрдна смисла, е речиси секојдневие во многу места во Германија.

Symbolbild Antisemitimus Synagoge NEUTRAL
Германија во европски рамки, ако се споредуваат антисемитистичките ставови, се наоѓа на средината (фото: синагога)Фотографија: picture-alliance/dpa

Јулиане Вецел, научник кој е занимава со овој проблем, денеска изјави: „Во Германија нема опсежна стратегија за борба против антисемитизмот“. Досегашните проекти се неединствени и некоординирани.

Германскиот парламент во 2008 година донесе заклучок, по кој Владата основаше експертска група, за да се засили бробата против антисемитизмот. Групата треба да поднесува извештаи редовно. За првиот извештај, научниците направија проценка на различни истражувања, кои се базираат врз истражувања на јавното мислење. Според извештајот претставен денеска, Германија во европски рамки, ако се споредуваат антисемитистичките ставови, се наоѓа на средината.

Автор: ЕМФ/афп/дпа

Редактор: Жана Ацеска