1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анти Анаполис конференција во Газа

Клеменс Ференкоте27 ноември 2007

Радикалниот палестински Хамас организира Анти Анаполис Конференција. Од протестот во Газа се слушнаа остри критики, а радикалните организации најавија отпор.

https://p.dw.com/p/CTfP
Исмаил ХанијаФотографија: AP

Остри во тонот и непомирливи - Хамас и помалите радикални групи на конференцијата во Газа едногласно го осудуваат блискоисточниот самит во Анаполис. Палестинскиот претседател Махмуд Абас нема право да прави отстапки. Неговото претседателствување е најлошиот период во палестинската историја, рече поренешниот премиер Исмаил Ханија кој беше сменет од Абас. Според него, преговорите се бесполезни. Пред зградата во која се одржува средбата, Хамас демонстративно објави декларација напишана на голема хартија која ја попишаа околу 2000 учесници. Исмаил Ханија објасни:

„Законодавецот на палестинскиот народ денеска потпиша документ во кој се нагласува одлучноста на Палестинците, целосно да го искористат своето право, како и да ја одбијат секоја отстапка со кое ова право се повредува. Исто така спогодбите на Палестинците присутни на конференцијата се сметаат за бесполезни“.

Сите 4,5 милиони бегалци мора да се вратат во татковината, стои во документот на Хамас. Се нагласува и дека на идната држава Палестина и припаѓа и сегашната израелска територија - формулација со која јасно се негира правото на егзистенција на Израел.

Хамас „ужаснат“ од учеството на арапските земји во Анаполис

Првично, Хамас сакаше да одржи Анти Анаполис конференција во сирискиот главен град Хамас, но откако Сирија прифати да учествува на самитот во Анаполис на радикалните исламистички организации не им остана ништо друго освен да организираат демонстрации на домашен терен. Инаку според извори блиски на Хамас, тие биле „ужаснати“ поради фактот дека најважните арапски држави испратија свои претставници во Анаполис.
Истовремено,портпарол на друга исламистичка организација, најави дека по завршувањето на конференцијата во САД, се можни напади.

„Палестинскиот отпор сериозно ги разгледува можностите да ги прошири своите напади врз Анаполис ако сака бог“.

Со тоа Хамас и останатите милитантни организации се однесуваат спротивно на јавното мислење во Западниот брег и Газа. Две третини од анкетираните Палестинци го поддржуваат претседателот Абас и неговото учество на конференцијата во Анаполис. Ако сега би се одржале избори, за неговото движење Фатах би гласале 36%, додека Хамас во моментов ја има поддршката на 14% од испитаниците.