1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапската лига заседава околу Либија

12 март 2011

Во Каиро се одржува средба на министрите за надворешни работи на земјите на Арапската лига посветена на ситуацијата во Либија. Меѓу другото, се разговара и за можно воведување на зона за забранети летови над Либија.

https://p.dw.com/p/10YAu
Логото на Арапската лига

Агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори во Каиро, каде се одржува средбата на Арапската лига, попладнево јавува дека има поддршка за воведување зона на забранети летови, како и за воспоставување контакт со либиската опозиција.Претходно, генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса, исто така се изјасни во полза на воведувањето на зоната на забранети летови. Против зона на забранети летови се земји како Сирија, кои во тоа гледаат „мешање на странски држави“ во арапските работи.

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс денеска (12.03) изјави дека не е сигурен оти зона на забранети летови е „мудар“ потег. Либиските опозиционери бараат воведување зона на забранети летови за да се стави „крај на крвопролевањето“, но бараат од Арапската лига и нивно признавање. Преодниот совет на противниците на Моамер ел Гадафи, од Арапската лига бара да биде признат како претставник на земјата.

Автор: ЕМФ/СН/афп/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска