1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапската лига ја суспендира Сирија

12 ноември 2011

Поради перманентната употреба на сила против опозицијата во Сирија, Арапската лига денеска ја суспендира земјата од организацијата и побара членките да ги повлечат своите амбасадори од Дамаск.

https://p.dw.com/p/139h6
Седница на Арапската лига во КаироФотографија: picture-alliance/dpa

Арапската лига поради постојаната употреба на сила го засили притисокот врз режимот на сирискиот претседател Башар ел-Асад и го замрзна членството на Сирија во организацијата. Сириските сили не смеат да убиваат цивили, изјави денеска (12.11) премиерот на заливската држава Катар, Хамад Бин Џасим. Тој, освен тоа, најави економски и политички санкции против Сирија од Арапската лига, повикувајќи ги државите-членки да ги повлечат своите амбасадори од сирискиот главен град Дамаск. Џасим од сириската опозиција побара да дојде на местото на Арапската лига во Каиро, при што ќе се разговара околу преодна фаза.

Weiter Gewalt in Syrien
Во Сирија продолжува пресметката на власта со опозицијатаФотографија: picture-alliance/dpa

Сирија веднаш реагираше на одлуката на Арапската лига и ја критикуваше за „нелегална“. Суспендирањето противречи на основачкиот акт на организацијата, изјави сирискиот амбасадор во Арапската лига. Според Сирија, одлуката од Каиро докажува дека Лигата „следи програма диктирана од САД и Западот“.

Сириското раководство се обврза на почетокот на ноември на мировниот план предложен од Арапската лига, кој предвидуваше повлекување на војската од градовите, ослободување на политичките затвореници и преговори со опозицијата, но не се придржува на него. Во Сирија со месеци траат протестите против власта на Асад, во нив се убиени илјадници луѓе. Сириската влада за демонстрациите ги обвини „терористите“. Независни извештаи од земјата нема, зашто најголемиот дел од странските новинари се протерани од земјата.

Автор: ЖА/ЕМФ/афп/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска