1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапски очекувања од блискоисточната мировна конференција

8 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bnfb

Јордан и Саудиска Арабија ги формулираа своите конкретни очекувања од конференцијата за Блискиот исток, која по иницијатива на САД треба да се одржи на крајот на ноември. Двете арапски земји бараат на маса да бидат ставени темите за политичкиот статус на Ерусалим, бегалците и разграничувањето. Јордан и Саудиска Арабија сметаат дека конференцијата е добра основа за јасна поддршка на напорите на палестинскиот народ за сопствена држава. Сирија соопшти дека ќе учествува на конференцијата доколку на нејзе стане збор за израелското заземање на голанската висорамнина.