1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аргентина во шок по трагичната железничка несреќа

23 февруари 2012

Во една од најтешките железнички несреќи во Аргентина, вчера загинаа најмалку 50 луѓе, а над 600 се повредени. Воз полн со патници со голема брзина удри во граничник на перонот во главниот град Буенос Аирес.

https://p.dw.com/p/1485x
Фотографија: REUTERS

Снимките на една од камерите за надгледување покажуваат: локалниот воз преполн со патници со преголема брзина влегува во железничката станица и без кочење удира во граничникот.

Перонот се претвори во станица за брза помош за шокираните луѓе. Силината на ударот ги наби вагоните еден во друг, повредените останаа во стапица. Луѓето со очајничка храброст се обидуваа да си помогнат.

Zugunglück in Argentinien Buenos Aires
Фотографија: REUTERS

„Луѓето ги кршеа прозорците за некако да излезат. Ја видов уништената локомотива и приклештениот возач во неа. Имаше толку многу повредени, меѓу нив многу деца и постари луѓе“, сведочи еден очевидец.

Спасувачките екипи ги пренесуваа повредените во блиските болници.

„Извршивме ампутации, имаме пациенти со различни трауми, проблеми со дишењето и со срцето, се‘ што во ваква ситуација може да се очекува“, вели Алберто Крескенти, раководител на Станицата за брза помош.

Се‘ уште не е јасно како дошло до несреќата, можна причина се дефектни сопирачки. Не е исклучено да се работи и за истрошен материјал-најголемиот број од возовите во Буенос Аирес се од 60-те години.

Вечерта луѓето побараа утеха во комеморацијата која се одржа во катедралата на Буенос Аирес.

Прилогот можете да го погледате и како Видео на денот!

Автор: Пабло Сиалахи/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска