1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армијата ќе се грижи са безбедноста на Купот на конфедерации

ЕМФ/дв/ард19 јуни 2013

Десетици илјади луѓе во повеќе градови во Бразил повторно излегоа на протести против социјалната состојба во земјата и превисоките трошоци за претстојните големи спортски настани.

https://p.dw.com/p/18ssv
Фотографија: Marcelo Camargo/ABr

Само во Сао Паоло на демонстрации учествуваа околу 50.000 луѓе. Пред седиштето на градоначалникот имаше турканици и полицијата мораше да се повлече во зградата. Илјадници демонстранти се избројани и во Сао Гонсало, во близина на Рио де Жанеиро, како и во Бело Хоризонте и други градови ширум земјата. Има информации за насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, а повеќе објекти се ограбени. Запалено е и возило за телевизиски пренос, како и една банка.

Dilma Rousseff
Дилма Русеф има разбирање за демонстрантите кои бараат крај на корупцијата и повеќе пари за здравство и образованиеФотографија: E.Sa/AFP/GettyImages

За да се гарантира безбедност за време на одржувањето на фудбалскиот Куп на конфедерации ангажирана е армијата. Министерството за правда соопшти дека војници се стационирани во пет од вкупно шест градови каде што се играат фудбалските натпревари.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека „гласот на улицата мора да биде слушнат“. По подемот на Бразил во седма по големина економија во светот, Русеф изрази разбирање за барањата на населението. Граѓаните, според нејзе, сега „можат да бараат повеќе“ и „имаат право на тоа“. Сепак, и покрај позитивниот став, претседателката не даде конкретни ветувања.