1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Артист“ и „Потомци“ се закитија со Златен глобус

16 јануари 2012

Џорџ Клуни и Мерил Стрип се наградени за најдобри улоги во драма, а Жан Дежардан и Мишел Вилијам за улоги во комедии и мјузикли. Наградата за животно дело за Морган Фриман

https://p.dw.com/p/13k9G
Or Musical for "The Artist" during the 69th Annual Golden Globe Awards on Sunday, Jan. 15, 2012 in Los Angeles. At rear, from left, are Ludovic Bource, James Cromwell, Uggie the dog, Jean Dujardin, Missy Pyle, Penelope Ann Miller, Michel Hazanavicius and Bernice Bejo. (AP Photo/NBC, Paul Drinkwater)
Фотографија: dapd

Филмовите „Артист“ и „Потомци“ се големите победници на 69-то издание на манифестацијата на доделување на наградите „Златен глобус“. Црно-белиот нем филм „Артист“ освои „Златен глобус“ во категоријата за комедија и мјузикл, а „Потомци“ во кој глуми Џорџ Клуни за престижната награда за најдобра драма.

Жан Дежардан доби „Златен глобус“ за најдобар актер во комедија или мјузикл за улогата во „Артист“, а Џорџ Клуни за најдобар актер во драма за улогата на депресивен татко во „Потомци“.

Мишел Вилијам е овенчана со „Златен глобус“ за најдобра актерка во комедија или мјузикл за улогата на Мерилин Монро во филмот „Мојата седмица со Мерилин“. Интересно е што самата Мерилин ја доби истата награда пред 52 години.

Golden Globe Awards Los Angeles USA 2012
Мерил СтрипФотографија: dapd

Мерил Стрип доби „Златен глобус“ за најдобра актерка во драма за улогата во која ја глуми Маргарет Тачер во филмот „Челичната леди“.

Мартин Скорсиз беше прогласен за најдобар режисер за филмот „Хуго“, а Вуди Ален беше одлукуван за најдобро оригинално сценарио.

„Авантурите на Тинтин“ на Стивен Спилберг беше овенчан со „Златен глобус“ за најдобар анимиран филм.

„Мастерпис“ на Мадона од филмот „W.E.“, чиј режисер е кралицата на попот, беше одлукувана за најоригинална песна.

Golden Globe Awards Los Angeles USA 2012
МадонаФотографија: dapd

Со почесен „Златен глобус“ за животно дело, наградата „Сесил Б. де Мил“ беше удостоен актерот Морган Фриман.

Цела плејада холивудски ѕвезди учествуваа на церемонијата. Анџелина Џоли, Бред Пит, Џорџ Клуни, Хелен Мирен и други нивни колеги беа пречекани од илјадници фанови, додека минуваат на црвениот ќилим.

Наградите „Златен глобус“ се доделуваат од Асоцијацијата на странските медиуми во Холивуд и се сметаат за главна ориентација за најпрестижната награда во светот на филмот „Оскарот“. Асоцијацијата обединува околу 90 лица, претставници на 55 земји во светот со 250 милионска публика на читатели. Секоја година членовите на Асоцијацијата интервјуираат околу 400 актери, режисери, сценаристи и продуценти иправат репортажи.

Наградите „Златен глобус“ се доделуваат во 25 категории.

Автор: БГ/миа

Редактор: Ж. Ацеска