1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Археолозите против приведувањето на Кузман

БГ/макфакс31 јули 2013

Соработниците на археологот кои работеле со него на локалитетот Стоби реагираат на апсењето на Кузман и тврдат дека тоа е понижување на целата фела

https://p.dw.com/p/19HWf
Фотографија: MAKFAX

Стручниот тим кој во изминативе неколку години работеше на археолошкиот локалитет Стоби, во отвореното писмо-реакција испратено до јавноста, приведувањето на Паско Кузман го доживува како јавно понижување на целата археолошка фела.

„Шокирани и згрозени од она што се случуваше изминативе две недели, обидувајќи се да си го објасниме немилиот настан, дозволете ни да го искажеме својот став во врска со јавното понижување кое го доживеа нашиот многу почитуван колега, Паско Кузман. За сите кои за своја животна определба ја избрале оваа професија, тоа беше доживеано како јавно понижување на целата археолошка фела“, се наведува во реакцијата.

„Познавачите се сеќаваат на времето кога археологијата беше на маргините на државните интереси и стратегии, на состојбата на нашите најзначајни локалитети зараснати во трева или на музејските витрини во кои поставките едвај беа освежени со по некој нов предмет, а кои, меѓу останатото треба да се лицето на државата. Во минатите десетина години работите се сменија, благодарение на визионерството на човекот со три часовници“.

Како награда за својата пожртвувана повеќегодишна работа во археологијата, Кузман добил критики од јавноста и лисици на рацете, констатираат неговите колеги.

„За ’награда’, како круна на професијата и точно пред одењето во пензија, доби лисици на рацете. Ако барем и малку го познавате, ќе сфатите дека тој не е човек кој на било каков начин би му наштетил на културното наследство, кое толку многу се труди да го заштити.

Стручниот тим кој во изминативе неколку години работеше на археолошкиот локалитет Стоби, му ја изразува својата безрезервна и огромна поддршка на почитуваниот колега Паско Кузман. Впрочем, големите луѓе историјата никогаш не ги заборава“.