1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад жали за соборувањето на турскиот борбен авион

АТ/ дв/ афп3 јули 2012

Сирискиот претседател Башар aл-Асад индиректно се извини за уривањето на турскиот борбен авион пред речиси две недели. Во меѓувреме нови војници дезертираа и пребегаа во Турција.

https://p.dw.com/p/15QIA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сирискиот претседател Башар aл-Асад жали за уривањето на турскиот борбен авион од страна на сириската армија пред речиси две недели. Авионот се наоѓал на територија, која во минатото честопати била користена од страна на израелското воздухопловство, изјави Асад во интервју објавено денеска во турскиот весник „Кумхуријет“. Тој „100 проценти“ жали за инцидентот.      

Постојаното насилство во Сирија принуди 85 војници на војската на претседателот Башар ал-Асад да пребегаат во соседна Турција, информира турската новинска агенција Анадолу. Војниците, меѓу нив и високи по ранг официри, пребегале со нивните семејства. Во меѓувреме Арапската лига целосно застана на страната на сириската опозиција.

Генерланиот секретар на Лигата Набил ал Араби, на почетокот на дводневната средба за Сирија во Каиро, изјави дека вината за крвавиот конфликт ја носи режимот на претседателот Башар ал-Асад. Ал Араби ги повика опозиционерите да работат на заедничка иднина на Сирија.

Комесарката за човекови права на Он Нави Пилај во меѓувреме предурпеди од натамошна испорака на оружје на страните во конфликтот од странство. Натамошно милитаризирање на конфликтот мора да биде спречено „по секоја цена“, предупреди Пилај. Таа ги обвини двете страни во конфликтот во Сирија за нови повреди на човековите права.

АТ/ дв/ афп