1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад најави референдум во Сирија

10 јануари 2012

Сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој инаку ретко настапува јавно, денеска (10.01) во говор на универзитетот во Дамаск, се покажа непопустлив.

https://p.dw.com/p/13gt6
Башар ал-Асад денеска на универзитетот во ДамаскФотографија: dapd

Ако Сиријците издржат, победата е блиску, рече денеска во говорот на уноверзитетот во Дамаск, сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој по којзнае кој пат обвини странски сили за бунтот во неговата земја. За оние кои употребуваат оружје за да убиваат луѓе, нема толеранција, нагласи тој, додавајќи дека поредокот во земјата ќе се врати ако против „терористите се употреби железна тупаница“. Сирискиот претседател за март најави одржување рефрендум околу нов устав во земјата. Истовремено, тој рече дека во земјата се неопходни реформи, но тие нема да се спроведуваат под притисок на протестното движење. „Ако една реформа е изнудена, таа нема да биде успешна“, нагласи Асад.

Syrien Assad Rede Januar 2012
Фотографија: dapd

Сирискиот претседател во говорот во јуни 2011 година, рече дека нема наредба за пукање врз граѓаните и дека тој е отворен за предлози за проширување на владата и нејзино отворање за сите политички сили. Во судирите во Сирија, кои траат со месеци, според проценки на ОН досега загинале околу пет илјади луѓе. Властите трвдат дека во текот на судирите, странски терористи убиле две илјади припадници на безбедносните сили.

Автор: ЕМФ/дапд/ртр

Редактор: Б. Георгиевски