1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад предизвикува шпекулации

ЕМФ/дв/ард6 јануари 2013

Сирискиот претседател Башар ал-Асад за денеска (06.01) најави говор околу „најновиот развој во Сирија и регионот“. Што ќе каже претседателот, кој откако почна крвавиот конфликт само неколку пати и‘ се обрати на нацијата?

https://p.dw.com/p/17Eld
Фотографија: DSK/AFP/GettyImages

Настапот на Башар ал-Асад би бил прв негов јавен настап по повеќе месеци. Либанскиот весник „Ал Акбар“, кој е близок до Асад, пишува дека шефот на државата би можел да поднесе план од пет точки, и тоа - прекин на огнот, надзор од страна на меѓународни набљудувачи, Уставно собрание, создавање Влада на национално единство и слободни избори за нов парламент во земјата. Освен тоа, Асад има намера да се кандидира за претседател на државата и по истекот на мандатот во 2014 година.

Меѓународниот посредник за Сирија Лакдар Брахими за време на посетата на Сирија во декември спомена план, кој се заснова врз договор постигнат во јуни, во Женева. Тој предвидува прекин на огнот, создавање преодна влада и организација на парламентарни и претседтаелски избори. Во ваквиот договор не се споменува повлекување на Асад. Противниците на сирискиот претседател пак, повлекувањето на Асад од власт го гледаат како предуслов за се‘ останато.

Syrien Idlib Zerstörung Januar 2013
Фотографија: Reuters

Во меѓувреме, сирискиот режим се обидува да го запре напредувањето на бунтовниците со големи воени операции. Од воздушни напади е погодено пред се‘ местото Ал Нашабија, соопшти Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон, додавајќи дека има голем број загинати и повредени.

Конфликтот во Сирија трае веќе две години, а во него животот досега го загубија повеќе од 60.000 луѓе.