1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асад ја реконструира владата

ЕМФ/дпа9 февруари 2013

Придвижување во сирискиот конфликт - режимот на претседателот Асад на опозицијата во земјата и‘ нуди дијалог „без предуслови“. Денеска (09.02) беше извршена реконструкција на владата.

https://p.dw.com/p/17bS8
Фотографија: Reuters

Државната сириска агенција САНА јави дека две министерства, за труд и за социјала, се нови, а во пет останати министерства се именувани нови раководни лица. Нови министри имаат министерствата за градежништво, за јавни дејности, за земјоделство, за нафта и суровини, како и министерството за финансии.

Економијата во земјата поради двегодишнатаграѓанска војна е на дно. Нема доволно гориво, струја, вода, прехранбени намирници и лекови. Голем дел од инфраструктурата во земјата е уништен.

Од почетокот на конфликтот во Сирија, претседателот Башар ал-Асад (фото горе) направи неколку реконструкции на владата. Според западни дипломатски кругови во Бејрут, претседателот на тој начин се обидува да покаже дека се‘ уште има контрола над ситуацијата.

Сирискиот министер за информации Омран ал-Суби претходно за државната телевизија изјави дека вратата за дијалог е отворена. Нема да биде исклучен никој кој сериозно прави напори за решение на кризата и е подготвен да го положи оружјето, нагласи тој вчеравечер.

Претседателот на Националната сириска коалиција, Моас ал-Хатиб, на 30 јануари ги соопшти условите за разговори со сирискиот режим. Тој, меѓу другото, побара ослободување на околу 160.000 затвореници од затворите. До утре би требало да бидат ослободени сите затворени жени.