1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж формира Викиликс-партија во Австралија

ЖА/дпа/шпигел25 јули 2013

Џулијан Асанж, основачот на интернет-платформата Викиликс, преку видео-конференција денеска (25.07) основаше партија во родната Австралија.

https://p.dw.com/p/19EAd
Фотографија: dapd

Партијата Викиликс се залага за транспарентност, го цитираше Асанж портпаролка на новата партија на основачката манифестација во Мелбурн. Партијата ќе се труди да ги натера „момците да бидат чесни“, изјави поранешниот хакер Асанж, кој веќе една година се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон, алудирајќи на другите политичари.

Асанж самиот ќе се кандидира за место во австралискиот Сенат. Пет други кандидати ќе бидат номинирани за функции во вториот парламентарен дом.

„Тој рече дека планира да се врати во Австралија за да стапи на својата должност“, вака весникот „Сандеј морнинг хералд“ ја цитира портпаролката на партијата, Саманта Крос.

„Асанж се надева дека тоа ќе функционира“, истакнува таа.

Асанж се наоѓаше во бегство пред потерницата од Шведска по него поради силување, па се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон. Но, основачот на разоткривачката интернет-платформа Викиликс се сомнева дека му се подготвувало израчување од Шведска во САД, кои се бесни на него што објави доверливи дипломатски и воени документи на Викиликс.

Еквадор му одобри азил, но британската полиција ќе го уапси Асанж ако тој ја напушти амбасадата.

Изборите во Австралија се закажани за 14 септември. Но, по превирањатаво Лабуристичката партија на крајот на јуни, на премиерското место дојде нов човек, Кевин Рад. Тој може да го смени датумот на изборите, поместувајќи за порано или за подоцна.