1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Астероидот безбедно мина - Русија се справува со последиците од метеорот

Александар Методијев/дв/миа/афп16 февруари 2013

Астероидот кој вчера и’ се приближуваше на Земјата безбедно мина покрај неа и си го продолжи својот пат во вселената, информираа од НАСА. Астероидот минал на 27.357 километри над површината на земјата.

https://p.dw.com/p/17fLF
Фотографија: picture-alliance/AP

Астероидот широк 45 метри мина над Земјата во правец од југ кон север. Европската вселенска агенција информираше дека нејзините експерти утврдиле дека нема поврзаност меѓу овој објект и оној кој експлодираше во небото над Русија. Рускиот астроном Сергеј Барабонов рече дека нема доказ дека метеорот се движел по истата патека како и астероидот.

Над 24.000 луѓе учествуваат во отстранувањето на последиците од метеорскиот дожд во руската Чељабинска област, јавија локалните власти. Според најновите податоци, повредени се 1.200 лица, од кои 50 се на болничко лекување. Најголем дел од повредите се исеченици од разлетаните стакла.

Russland Meteor in Chelyabinsk
Руските власти работат на справување со последиците од метеорот, а нуркачи бараат негови остатоци во езероФотографија: picture-alliance/dpa

Материјалните штети се проценуваат на над една милијарда рубљи (33 милиони долари). Оштетени се прозорците на над 4.000 згради во регионот, а најмногу во главниот град со истото име. Мала армија работници се обидува да замени 200.000 метри квадратни скршени прозорци, кои се распрснаа под притисокот од експлозијата на метеорот.

Meteoriten-Einschlag in Chelyabinsk Russland
Метеорот остави без прозорци илјадници граѓани на температури под нулатаФотографија: picture-alliance/dpa

Гувернерот на Чељабинската област Михаил Јурјевиќ изрази уверување дека сите сопствениците на оштетените објекти ќе бидат обесштетени.

Во текот на денешниов ден нуркачи се упатија кон дното на локалното езеро со цел да најдат остатоци од метеорот. Властите за сега не информираат дали се пронајдени остатоци од 10-тонскиот метеор. Некои од руските функционери, по распрскувањето на метеорот над Урал, побараа создавање на глобален систем за одбрана од вселенски објекти.