1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Аталанта“ им ги потскрати крилата на пиратите

Кристина Рута/Зоран Јордановски6 октомври 2012

Пиратите претставуваат голема опасност за меѓународниот бродски сообраќај кај Рогот на Африка. Но, бројката на напади годинава опаѓа. Улога во тоа игра и меѓународната воена мисија „Аталанта“.

https://p.dw.com/p/16LLn
©MAXPPP/Danièle COSTANTINI pour LCMA REPORTAGES - ***EXCLUSIF*** South East Seychelles March 26 and 27, 2912 - On March 26 a Hong-Kong flagged tanker was attacked whilst approximately 400 nautical miles off the coast of Somalia. The EU Naval Force warship FS Aconit was called to investigate the incident. On March 27, Aconit_s Sea King helicopter intercepted and stopped the whaler, which had 10 suspected pirates onboard, by firing warning shots at the vessel. A team from Aconit boarded the whaler and transferred the suspects to the frigate. Two suspects received medical care by the Aconit_s medical service.
EU-Einheit Somalia Piraten AngriffФотографија: picture-alliance/dpa

Морските патишта на рогот на Африка и натаму се сметаат за најопасни во светот поради пиратите, кои пред брегот на Сомалија напаѓаат бродови, киднапираат екипажи и изнудуваат пари со уцена. Невладината организација „Уан ерт фјучр“ наведува дека минатата година во нападите, при обидите за ослободување или за време на повеќемесечното заложништво 35 луѓе го загубија животот, а штетата што ја предизвикуваат, според проценките, меѓу 800 и 1500 пирати, изнесува речиси седум милијарди долари.

Но, во последно време опаѓа бројката на нападите на пиратите во Аденскиот залив и во Индискиот океан, констатира Меѓународната комора за бродарство: лани имало 151 пиратски напад, од кои 25 успешни за морските разбојници, а заклучно со август годинава само 28 напади и одвај 5 успешни.

Seychellen Piraten Festnahme
Апсење на пирати од СејшелитеФотографија: picture alliance / dpa

Ефект од меѓународното воено присуство

Таквиот тренд се должи на фактот дека во меѓувреме многу бродови имаат приватен безбедносен персонал, смета Потенгал Мукундан, директор за борба против пиратство на Меѓународното поморско биро, основано од меѓународни трговски комори. Тоа ги пречува разбојниците да се качат на бродовите и истовремено ги застрашува пиратите. Но, „најважна причина за намалувањето на нападите се меѓународните маринци, кои ги гонат бродовите на пиратите уште пред тие да дојдат во позиција за напад“, вели Мукундан во разговор за Дојче веле. Клучна улога играат европските поморски сили, кои се во акција од 2008 година во рамките на мисијата „Аталанта“ и во моментов со девет бродови се вклучени во борбата против пиратите и ги координираат мерките на меѓународните поморски трупи. „Војниците во мај ја нападнаа логистичката база на пиратите на сомалискиот брег и погодија повеќе резервоари за бензин, арсенали на оружје и бродови - тоа значително влијаеше врз борбената способност на пиратите“, вели Мукундан за ДВ.

Тоа беше досега прв и единствен пат антипиратската мисија на ЕУ да нападне пиратска база на копното, со подршка и од преодната влада на Сомалија. Бундесверот, кој во мисијата е застапен со 340 војници, не учествувал во нападот од воздух. Од март годинава војниците од мисијата „Аталанта“ имаат дозвола да вршат напади врз опремата на пиратите на копно, исклучиво од воздух и само до два километра од брегот. Во мисијата, покрај Германија, учествуваат и Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Холандија.

EU-Einheit Somalia Piraten Angriff
Припадници на германската морнаричка пешадија во операцијаФотографија: picture-alliance/dpa

Маринците и екипажите на бродовите извлекоа поуки

Ханс-Јоахим Штрикер, претседател на Германскиот поморски институт (ИМО), смета дека успесите во борбата против пиратите се должат и на подобрената стратегија на војниците во изминатите години: тие сега не само што ги штитат поморските патишта на отворено море, туку дејствуваат и кај базите на пиратите уште пред тие воопшто да можат да излезат на море. „Поголемото искуство, подобрата слика за состојбата и новата можност за уништување на опремата уште на брегот заеднички придонесоа за опаѓањето на бројката на нападите“, оценува пензионираниот адмирал Штрикер.

Тој смета дека малиот број успешни обиди за киднапирање доаѓа оттаму што и капетаните на бродовите повеќе се придржуваат кон безбедносните совети на ИМО: на бродот да има безбедносен персонал, со промена на курсот и со маневри да ги избегнуваат пиратите и да постават бодликав тел на бродот. Штрикер укажува и на позитивниот ефект од времето: во периодот на монсуните се намалува бројката на напади поради силниот ветер и разбрануваното море.

Maritime Security Messe
Потенгал Мукундан, директор за борба против пиратство на Меѓународното поморско бироФотографија: DW

Пиратството во Западна Африка во подем

За разлика од источниот, на западниот брег на Африка пред брегот на Нигерија има негативен развој на состојбата - таму дури расте бројката на пиратски напади, констатира Здружението на германските бродари. Но, главно станува збор за ограбување на персоналот или на товарот на бродовите, а не за киднапирање на луѓе и уцена, укажува Кристоф Лауер, портпарол на здружението. Оттука, Потенгал Мукундан ги прозива полицијата и правосудството на земјите од регионот: „Сметам дека би се намалила бројката на нападите, ако правната држава во Нигерија и соседните земји би била поефективна. Бродовите би можеле да бидат откриени од воздух за време на претоварот на ограбената стока и пиратите да бидат уапсени“.