1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атлетик и Атлетико поуспешни во шпанско-германската пресметка

БГ/АТ/афп30 март 2012

Баскијците славеа убедливо во Гелзенкирхен со 4:2 во Лига Европа. Хановер несреќно загуби од Атлетико во Мадрид со 2:1. Алкмар и Спортинг обезбедија предност против Валенсија, односно Металург

https://p.dw.com/p/14V4Z
Фотографија: Reuters

Фудбалерите на Атлетик Билбао извојуваа убедлива победа од 4:2 над Шалке во првиот четвртфинален дуел од Лига Европа. Во Гелзенкирхен беше видена голема борба и отворен меч во кој гостите од Билбао се покажаа далеку поуспешни. Љоренте го доведе Атлетик во водство во 20. минута, но неполна минута подоцна Раул израмни на 1:1. Шалке потоа ја презеде иницијативата и имаше повеќе од играта, но резултатот остана ист до 60. минута. Тогаш, Раул уште еднаш докажа дека и на 35 годишна возраст е голем играч и со одличен волеј удар од 20-ина метри му донесе прва предност на Шалке. Но, мечот донесе нов пресврт. Најпрво Љоренте израмни на 2:2 во 73., а потоа фудбалерите од Билбао успеаја преку контранапади со головите на Де Маркос и Муниаин да го решат мечот во своја корист.

На Пиринејскиот полуостров, пак, друга слика. Далеку позатворен меч меѓу Атлетико Мадрид и Хановер, во кој гостите со „бункер“ се обидуваа да си обезбедат предност пред реваншот. Атлетико поведе рано, уште во 10. минута со голот на Фалкао. Израмнување донесе Диуф во 38. минута. Конечните 2:1 и минимална предност за Атлетико пред реваншот му донесе Савио со гол во 89. минута.

Fußball Europa League Viertelfinale Atletico Madrid gegen Hannover 96 Hinspiel
Диуф го прославува голот за ХановерФотографија: dapd

Во Алкмар, АЗ обезбеди минимална предност од 2:1 во дуелот против Валенсија. Холман го донесе АЗ во водство во првото полувреме, израмни Топал на почетокот на вториот дел, а конечниот резултат го постави Мартенс во финишот на мечот.

И португалскиот Спортинг со истата предност над украинскиот Металург ќе патува за Запорожје во последниот четвртфинален дуел. Португалците пред домашна публика победија со 2:1 со головите на Исмаилов и Инсуа во второто полувреме. Голот нагости за Металург беше дело на Клејтон од пенал во последната, 90. минута од мечот.

Реванш натпреварите се на програмата на 5. април.