1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атомскиот спор со Иран во критичната фаза

23 јуни 2006

Водечки преставник на иранската влада првпат изјави дека можно меѓународното барање за запирање на збогатувањето ураниум да биде резултат на преговорите. Меѓутоа ултиматумот во врска со тоа се одбива, изјави потпретседателот на советот за безбедност Џавад Ваиди:

https://p.dw.com/p/Ae0g

Ваиди изјавата ја даде во Виена и повтори дека неговата земја не прифаќа ултиматум, но дека запирањето на збогатувањето ураниум може да биде дел од договорот со меѓународната заедница. Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан изрази надеж дека раководството во Иран серизоно ќе ја разгледа понудата на меѓународната заедница. По средбата со иранскиот министер за надворешни работи Манухер Мотаки во Женева, Анан изјави:

„Верувам дека понудата ќе биде сериозно разгледана и побарав одговорот да биде даден што побргу. Иран инсистира на својот интерес за користење на нукеларната енергија во мирољубиви цели, но јас на раководството на Иран, како и на министерот Мотаки им укажав дека е во нивен интерес да го убедат светот дека во целост ќе соработуваат со меѓународната агенција за атомска енергија„.

Анан сепак не очекува одговор пред самитот на Групата 8 во средината на јули во Санкт Петерсбург. Инаку, Соединетите Американски Држави и Кина инсистираат на брз одговор.