1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Афирмирана поддршката за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

СН/БГ/миа13 ноември 2012

Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Романија, по нивниот трилатерален состанок истакнаа дека „сегашните тешкотии со кои се соочува ЕУ не треба да ја ослабат динамиката на процесот на проширување“.

https://p.dw.com/p/16hdZ
Фотографија: Getty Images

Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Романија, Димитрис Аврамопулос, Никола Младенов и Титус Корљецан, по состанок кој беше одржан вчера во Софија, издадоа заедничка декларација во која ги поддржуваат европските амбиции на земјите од Западен Балкан.

„ Ги поддржуваме амбициите за членство во ЕУ на сите држави од регионот врз основа на континуиран, доследен и постојан напредок во економските и политичките реформи и во исполнувањето на неопходните услови и барања. Во овој контекст, ние ќе ги споделиме нашите искуства во областа на европската и интеграцијата во НАТО со цел да им помогнеме на кандидатите, потенцијалните кандидати и земјите аспиранти да напредуваат на патот кон НАТО и / или кон ЕУ“, се вели меѓу другото во декларацијата, јави агенцијата МИА.

Според тројцата министри, „сегашните тешкотии со кои се соочува ЕУ не треба да ја ослабат динамиката на процесот на проширување“.

„Напротив, промовирањето на европската интеграција на Западен Балкан може и треба, навистина, да стане дел од решението на кризата“, истакнуваат шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија и Романија.