1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африканската унија против судот во Хаг?

ЕМФ/дв27 мај 2013

Од Африка долго време се слушаат обвинувања дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг е премногу едностран и премногу фиксиран на африкaнски случаи. Сега Африкаците сакаат конкретни промени.

https://p.dw.com/p/18ebs
Фотографија: picture alliance/ZUMAPRESS.com

Африканската унија (АУ) има намера да побара од Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг да го предаде случајот на кенискиот претседател Ухуру Кенијата на правосудствто во Кенија. Висок претставник на АУ денеска (27.05) на самитот на унијата во Адис Абеба изјави дека ваквото барање на Кенија „сигурно“ ќе добие зелено светло од страна на АУ. Според барањето, процесот за злосторства против човештвото што во Ден Хаг се води против Кенијата, како и процесот против неговиот заменик Вилијам Руто, би требало едноставно да бидат запрени. Комесарот на АУ за мир и безбедност Рамтане Ламамра изјави дека за случајот би требало „да се грижи кениското правосудство“.

Uhuru Kenyatta Präsident von Kenia
Ухуру Кенијата е обвинет за злосторства против човештвотоФотографија: Reuters

Кенијата и Руто се обвинети дека во текот на безредијата по претседателските избори во 2007 година учествувале во злосторства против човештвото. Во етнички мотивираните насилства загинаа повеќе од 1100 луѓе, а стотици илјади беа приморани на бегство.

Инаку, судскиот процес против Кенијата во Ден Хаг се‘ уште не започнат. Првиот термин е закажан за 9 јули. Во случајот на Руто терминот за старт е се‘ уште отворен. Двата процеса, според претпоставките, би траеле најмалку две години. Кенијата најави дека сака да учествува во судскиот процес.