1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африканскиот куп продолжува без Того

11 јануари 2010

Фудбалерите на Того се вратија назад во земјата откако државниот врв одлучи тие да не учествуваат на Купот на Африка во Ангола. Во меѓувреме , уапсени се две лица осомничени за нападот врз репрезентацијата на Того.

https://p.dw.com/p/LQLN
Фотографија: AP

Фудбалскиот куп на Африка започна со вистински спортски трилер. Во првиот натпревар на првенството, домаќинот Ангола 20-тина минути пред крајот водеше дури со 4:0, но противникот Мали, успеа натпреварот да го заврши непоразен, благодарејќи пред се‘ на ѕвездите во тимот - Сејду Кејта и Фредерик Кануте, кои играат во врвните шпански клубови, Барселона и Севиља. Конечниот резултат гласеше 4:4.

Државниот врв на Того пресече

Првенството продолжува денеска, но без репрезентацијата на Того. По крвавиот напад врз нејзиниот автобус во кој загинаа две лица, конечната одлука за откажување на настапот на првенството ја донесе државниот врв на Того. Играчите на репрезнтацијата претходно, едногласно одлучија, сепак, да настапат на првенството, но зборот на државниот врв беше последен и репрезентативците веќе се вратија во Того:

Angola / Fußballnationalmannschaft Togo / Anschlag
Анголската полиција е распоредена пред сместувалиштето на фудбалските екипи во КабиндаФотографија: AP

„Никој од играчите не е принуден да влезе во авионот. Но, поаѓаме од тоа дека играчите разбираат зошто државата реши да донесе ваква одлука. Того веќе нема делегација која учествува на Купот на Африка во Ангола“, изјави премиерот на Того, Жилбер Фасун Хуангбо.

Уапсени две лица

Во меѓувреме, властите во Ангола денеска соопштија дека уапсиле две лица осомничени за учествуво во нападот врз автобусот на репрезентацијата на Того. Уапсените припаѓале на Фронтот за ослободување на енклавата Кабинда, кој ја презеде одговорноста за нападот. Без оглед на ова, едно е јасно - крвавиот трилер воочи Африканскиот куп фрла мрачна сенка врз очекуваните фудбалски возбудувања.

Автор: СН/ЕМФ/ртре/дв

Редактор Елизабета Милошевска Фиданоска