1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африканскиот сон за единство

Лудгер Шадомски/ Симе Недевски25 мај 2013

Денеска (25.5.) Африканската унија го слави 50. роденден. Основана како Организација на африканско единство (ОАУ), најпрво во духот на панафриканизмот, се борела за деколонизација на Африка и укинување на апартхејдот.

https://p.dw.com/p/18dnj
Фотографија: picture-alliance/dpa

На 25. мај 1963. во еден страствен говор, претседателот на Гана, Кваме Нкрума ги повика делегатите да ја основаат Организација на африканско единство (ОАУ). Заедничката визија беше економски силна и политички автономна унија.
Шест години претходно визионерот Нкрума триумфално ја водеше британската колонија „Златен брег“, денешна Гана, во независност. Како татко на панафриканизмот го отвори патот за создавање на антиколонијален и антирасистички сојуз на млади африкански држави.
Нивната главна доктрина- немешање во работите на суверените држави- стана на крајот фатална за организацијата. Еуфоричното расположение кон крајот на 60-тите доведе до воени удари и граѓански војни- кои шефовите на африканските држави ги гледаа со скрстени раце.

Организацијата не потфрли

Сепак, поранешниот етиопски дипломат Менгисте Деста ги отфрла критиките дека организацијата целосно потфрлила. „Одлучно ги одбивам критиките дека организацијата беше слаба. Напротив, таа имаше цврсти заби- ако се повикаме на нејзиниот основачки мандат. Имено, на ослободувањето на целиот континент од колонијален, расистички систем и апархејдот.“

Porträt Kwame Nkrumah
Ганскиот политичар Кваме НкрумаФотографија: Getty Images

Сепак, набрзо старите начини на размислување станаа недоволни, вели стручњакот за Афиканската унија, Мехари Мару од Институтот за безбедносни студии во Адис Абеба. „Крајот на колонијализмот и апархејдот ја започна дебатата: кои се новите проблеми за панафриканизмот? За да се извршат неоходни промени, беше неопходна нова институција. Така е родена Африканската унија.“

Од 2002. година Африканска унија

Организацијата на африканско единство во 2002. година е преименувана во Африканска унија. Смислата за постоење на хетероген сојуз беше пронајдена пред се' во економската интеграција и во демократизацијата.

Токму либискиот револуционерен лидер Моамар ел Гадафи- самоименуваниот „Крал на кралевите“ на Африка, инсистираше во средината на 90-тите на остварување на визијата на Кваме Нкруме за создавање на „Соединети Африкански Држави“- иако помалку воден од филозофски, а повеќе од политички мотиви. Неговиот план- Унија со обединета војска, заедничка валута и слободна трговија и патување по примерот на ЕУ- на Африка и носи повеќе неслога отколку слога. Тој план ги подели државите на два табора, при што политички посилниот играч Јужноафриканската република се позиционира против Гадафи.

Разочаран од слабата поддршка на Африканците, Гадафи кој во 2009. беше избран за претседател на Африканската унија, го прати својот претставник да им ја пренесе на Африканците пораката: „Секако дека резултатот за нас не е задоволувачки. Но одиме заедно напред, и сигурен сум оти секој ден ќе бидеме се' поблиску до целта: создавање на Соединети Африкански Држави.“