1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африка мора да ја добие ветената помош

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAb

По повод светскиот ден на борбата против маларијата, германската влада побара поголеми напори во совладувањето на смртоносната болест. Според информациите на Светската здравствена организација годишно од оваа болест умираат милион и 200 илјади луѓе, главно во Африка. Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика индустриски развиените земји да ги одржат ветувањата за помош на овој континент. Само така може да се гради долгорочна доверба, изјави Меркел.