1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Африка мора да ја добие ветената помош

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAh

По повод светскиот ден на борбата приотив маларијата, германската влада побара поголеми напори во совладувањето на смртоносната болест. Според информациите на Светската здравствена организација годишно од оваа болест умираат милион и 200 илјади луѓе, главно во Африка. Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика индустриски развиените земји да ги одржат ветувањата за помош на овој континент. Само така може да се гради догорочна доверба, изјави Меркел по средбите со британскиот премиер Тони Блер и поранешниот генерален секретар на светската организација Кофи Анан. На самитот на Групата 8 на седумте водечки индустриски земји и Русија во јуни во Германија ќе биде даден нов импулс за помошта за Африка, изјави Меркел.