1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Афро-бразилски ритми ги освојуваат младите Естонци

19 јули 2011

Талин го красат куќи и цркви како од средниот век, а во лето улиците се полни со туристи. Понекогаш на нив се слуша и звукот на тапаните, карактеристични повеќе за Бразил отколку за северот на Европа.

https://p.dw.com/p/11sZ3
Музичарите на „Трум ит“Фотографија: DW

Ѕидовите на Младинскиот центар на југот на Талин се тресат. Покрај звукот на околу 20 тапани во воздухот лебди висока концентрација. Музичарите од „Трум ит“ држат проба. Им претстои голем настап, така што секој удар од палката мора да биде „на место“ врз тапанот и врз пластичната канта. Тапаните имено се скапи, а во Талин одамна се полага и цени пронаоѓачкиот дух. „Можеш да свириш на се’, на шишиња, ако мене ме прашаш може и едноставно да ракоплескаш, или да удираш во нешто.“ Максим е од постарите членови на „Трум ит“. 34 годишниот човек точно знае за што зборува. За време на пробите со своите ударалки удира врз бела канта, која ја обои со портокалови цветови и ја накити со ознаки за афро-реге проектот. „Се’ заедно, различните фигури го создаваат ритамот. Тоа е важно, тоа е идејата која стои зад тапаните.“

Tallinn Trumm-It
Пластични кутии наместо тапаниФотографија: DW

Брзилскиот прокт популарен на северот на Европа

Музичкиот стил под името афро-реге потекнува од фавелите, сиромашните квартови на Бразил и преку социјалните проекти стигнува до голем број млади луѓе. На тој начин тие добиваат шанса да го испробаат својот музички талент, да бидат дел од групаната динамика, да преземаат задачи и да доживеат успех. Овој успешен рецепт сега се применува и во Талин, појаснува проект менаџерот на „Трум ит“ Хандо Јаксо: „Основната идеја е на децата и младите во Талин да им се пружи можност да стекнат музичко образование. Да биде бесплатно и да биде нешто ново. ’Трум ит’ беше ново и интересно. Тој е осмислен врз база на афро-реге проектот во Бразил, поради што контактиравме со нив и ги прашавме дали можеме да ја копираме нивната идеја и дали може да испратат член од нивниот афро-реге, за да ги подучува нашите млади.“

Tallinn Trumm-It
Хандо Јаксo раководи со проектотФотографија: DW
Tallinn Trumm-It
Пронаоѓачкиот дух се цени во ЕстонијаФотографија: DW

Бразилската афро-реге мрежа навистина имаше можност да испрати свој човек. Во јануари минатата година Велдсон Арханјо пристигна во Талин, по покана на канцеларијата за култура на главниот естонски град и со поддршка на бразилското министерство за култура. Оттогаш 22- годишното момче со суканици ги подучува младите и им помага во нивната музичка надобразба. „Овде мора да се тргне од почеток. Тоа има и свои предности, оти луѓето се сосема неоптоварени. Со моите методи можам полека да го формирам нивниот музички талент и да ги подучувам, за еден ден навистина добро да свират.“

Повеќе од 100 концерти на младите тапанари

Од април 2010 година естонските „Трум ит“ музичари свират толку добор за да можат и да настапуваат. Досега имале повеќе од 100 настапи. Пројект менаџертот Хандо Јаксо му се радува на нивниот напредок. „На првите настапи свиревме само некои базични ритми. Денеска настапите се со кореографија и многу комплексни ритми. Дури и доцентите од музичката академија и музичкото училиште се воодушевени, со оглед на тоа што ’Трум ит’ музичарите немаа музичка подлога.“

Tallinn Trumm-It
Диригирање со јазикот на телотоФотографија: DW

Околу 200 деца, млади, но и возрасни во изминатата година и половина беа дел од „Трум ит“ проектот. Најмладите членови имаат десет години, додека најстарите се во триесетите години. „Големиот успех е што некои млади, кои имале тешко детство, кои тргувале со дрога или извршиле други криминални дејства, сега свират во оркестарот, се образуваат и имаат нови цели во животот.“

Во меѓувреме до Хандо Јаско пристигнуваат барања и од други градови во Естонија. И тие сакаат да го копираат проектот. Музичкиот хуманитарен работник Велдсон Арханјо се надева дека неговите ученици знаењето и силата на афро-бразилските ритми ќе ги пренесуваат и понатаму.

Автор: Матијас фон Хајн/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски