1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад доби предупредување од гласачите

3 март 2012

Во Иран завршија парламентарните избори. Според иранските медиуми, претседателот Махмуд Ахмадинеџад претрпел загуби. Првичните официјални резултати се очекуваат на почетокот на идната недела.

https://p.dw.com/p/14EOX
Фотографија: Reuters

Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад доби предупредување од гласачите на парламентарните избори. Групата противници на Ахмадинеџад освои мнозинство во парламентот, јауваат иранските медиуми. Конзервативците ги освоиле и политички особено важните 30 место од 290-те во парламентот, од Техеран. Дури и сестрата на Ахмадинеџад, Парвин, во родниот град на претседетлот Гармсар, не била избрана за претставник во парламентот. Првичните службени резултати се очекуваат утре (04.03). Се проценува дека околу 66 процени од 48 милиони граѓани на Иран со право на глас излегле на избирачките места, што би било еден процент повеќе од праламентарните избори во 2008 година. Опзозицијата ги оценува овие податоци како фризирани. Таа повика на бојкот на изборите.

Iran Wahlen Wahl 2012
Избори во ИранФотографија: Reuters

Режимот инаку неколку пати го продолжуваше времето на работа на изборните локали. Тие синоќа беа затворени дури четири часа подоцна од планираното. Ваквиот чекор властите го правдаа со образложение дека постои голем интерес меѓу избирачите, меѓутоа очевидвци во Техеран не можеа да го потврдат ова. Луѓето повеќе биле ангажирани со подготовките за персиската Нова година на 21 март.

Парламентарните избори беа важен тест за расположението во земјата во однос на претседателот Ахмадинеџад и режимот на мулите. Според првичните резултати кои ги објавуваат медиумите, конзервативниот табор околу претседателот на парламентот Али Лариџани ќе излезе зајакнат од изборите. Лариџани, во Гном били избран со големо мнозинство, информираат иранските медиуми. Со ова поранешниот главен преговарач околу иранската атомска програма со Западот има шанси да го наследи Ахмадинеџад на изборите што ќе се оддржат идната година.

Исходот од парламентарните избори нема да има никакво влијание врз политката на земјата, за важните прашања како атомскиот спор со Западот и со него поврзаните санкции, парламентот нема ингеренции. Моќта е во рацете на врховниот водач на змјата, Ајатолахот Али Хаменеи и неговите советници.

Автор: АТ/ СН/ дпа

Редактор: Симе Недевски