1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад не сака атомска бомба

11 февруари 2010

„Смрт на Америка. Смрт на Израел“, извикуваа стотици илјади поддржувачи на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на централниот плоштад во главниот град Техеран, на прославата на годишнината од револуцијата

https://p.dw.com/p/LypF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Иран денеска ја одбележува 31-та годишнина од исламската револуција. Славеничката атмосфера на властите во Техеран, во текот на денот делумно им ја поматија припадниците на опозицијата кои одржуваат митинзи, паралелно со оние на владините приврзеници.

„Смрт на Америка. Смрт на Израел“, извикуваа стотици илјади поддржувачи на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на централниот плоштад во главниот град Техеран.

Најголемиот дел од говорот, Ахмадинеџад го посвети за да одговори на обвинувањата од меѓународната заедница околу производството на ураниум во земјата.

Iran Mahmud Ahmadinedschad Rede
Махмуд Ахмадинеџад одржа говорФотографија: AP

Иранскиот претседател соопшти дека неговата земја веќе произвела големи количества високо збогатен ураниум до 20 проценти, но рече дека Иран нема намера да продолжи со развојот, за да произведе нуклеарно оружје.

Прославата ја одбележија и судири меѓу полицијата и опозициски демонстранти, кои се собраа на протести во Техеран. Иако нема независна потврда на информациите, агенциите јавуваат дека иранските безбедносни сили пукале и употребиле солзавец за да ги растераат поддржувачите на опозицискиот лидер Мир Хосеин Мосави, но нема информации за повредени. Нападнати биле и возилата на поранешниот претседател Мохамед Хатами и на опозиционерот Мехди Каруби, но тие не биле повредени. Иранските власти претходно им забранија известување на странските новинари за денешните настани, а како превентивна мерка во поголемиот дел од земјата е исклучен и интернетот, како и мобилната телефонија.

Автор:БГ/ЖА/афп/ап