1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад побара извинување од Лондон

1 април 2007
https://p.dw.com/p/AgIB

Во спорот околу заробените британски војници , и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат побара извинување од Велика Британија . Тој ја обвини британската влада за ароганција и за прекршување на меѓународното право. Иранскиот министер за надворешни работи манушер Мотаки ја предупреди Велика Британија од натамошна ескалација но упати и сигнали во насока на деескалација на спорот , исто како и неговата британска колешка Маргарет Бекет. Таа имено истакна дека секој жали , што дошло до ваква ситуација.