1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад шири параноични теории

Александар Методијев/дв/афп/дапд27 септември 2012

Зборовите употребени во вчерашниот говор на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад беа очекувани, како и бојкотот на неговиот говор. Пред ОН се одржуваа демонстрации против Ахмадинеџад, а САД и Израел критикуваа.

https://p.dw.com/p/16GFA
Фотографија: Reuters

Во говорот на вториот ден од Генералното собрание на ОН во Њујорк иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад опомена со показалецот. Тој се жалеше на сиромаштијата во светот, за која смета дека се одговорни „капитализмот“ и „одредени нации“. За спорот околу атомската нуклеарна програма тој директно не зборуваше, но го обвини Израел дека се заканува на неговата земја со нуклеарно оружје.

„Постојаната закана на нецивилизираните ционисти за воена акција против нашата голема нација е јасен знак за оваа горчлива реалност“, рече Ахмадинеџад, додавајќи: „Трката за вооружување и заплашувањето со нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување од страна на хегемонистичките сили станаа распространети".

Неговиот 35-минутен говор заврши со површен аплауз. Ова е последниот говор на Ахмадинеџад пред Генералното собрание на ОН, бидејќи неговиот претседателски мандат завршува следната година.

UN Vollversammlung New York Vereinte Nationen
Бојкот на САД и Израел на говорот на АхмадинеџадФотографија: Reuters

Израелците се чувствуваат навредени од ваквите говори и фотелјата на нивната делегација во ОН остана празна. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше за црн ден и најави реакција. Тој рече дека е посебно грдо што Ахмадинеџад тоа го кажа на најголемиот еврејски празник Јом Кипур.

Исто така и САД го бојкотираа говорот на Ахмадинеџад. Претседателот Обама денеска (27.09) ги повтори позициите на САД во однос на иранската нуклеарна програма, нагласувајќи дека Америка ќе го стои она што мора да го направи за да го спречи Иран да создаде нуклеарно оружје. Американските власти преку портпаролката Ерин Пелтон забележаа дека „Ахмадинеџад уште еднаш го искористи патувањето во ОН не за да ги пренесе легитимните аспирации на иранскиот народ, туку за да рашири параноични теории и одбивни напади против Израел“.

Пред зградата на ОН се одржуваше протест против присуството на Ахмадинеџад во Светската организација и против неговиот режим во земјата. Меѓу демонстрантите беше и поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани и републиканецот Њут Гингрич, кој учествуваше во внатрепартиската трка за претседателски кандидат.

Protest Mahmoud Ahmadinejad Ahmadineschad Iran New York USA UN Generalversammlung
Протести пред зградата на ОНФотографија: Reuters

Се очекува денеска пред Генералното собрание да се обрати и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ќе побара поостра акција против Иран. Заменикот израелски министер за надворешни работи Дани Алајон денеска изјави дека меѓународните санкции против Иран за неговата нуклеарна програма имаат ефект, но и оти тие се’ уште не го убедиле официјален Техеран да се повлече од неа.

„Иран е на работ на банкрот поради санкциите и има зголемени протести против ајатоласите“, оценува Алајон.

Денеска и министрите за надворешни работи од САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија ќе се сретнат во Њујорк за да разговараат за зголемената тензија околу иранската нуклеарна програма.