1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмадинеџад ја отпушти единствената министерка

AT/ ртр/ дапд28 декември 2012

Иранската влада повторно ја сочинуваат само мажи - единствената министерка по формирањето на Исламската Република доби отказ, најверојатно поради критиката на своите машки колеги.

https://p.dw.com/p/17AD9
:
Марзие Вахид ДастџердиФотографија: ISNA

Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад ја отпушти единствената жена во неговиот кабинет. Причина за разрешувањето на министерката за здравство Марзие Вахид Дастџерди најверојатно беше критиката која ја упати на сметка на централната банка на земјата. Таа ги обвини банкарите дека ставаат премалку пари на рапсолагање за увоз на лекарства за тешки болести. Минатиот месец во едно телевизиско обраќање, екс-министерката изјави: „Лекарствата се поважни од леб. Слушнав дека биле увезени луксузни автомобили со субвенционирани долари, но незнам што се случи со доларите кои беа предвидени за лекови“.

Во изминатите недели постојано пристигнуваа информации за тесни грла со лекарствата против рак, мултиплекс склероза и крвните болести. Владата ова по правило го правда со санкциите од САД и ЕУ.

Вахид Дастџерди беше првата министерка по формирањето на Исламската Република во 1979 година. Иако политички им припаѓа на конзервативците, министерката, гинеколог по професија, се залагаше за посилна улога на жените во општеството. Претседателот Ахмадинеџад во меѓувреме го именуваше Мохамед Хасан Тарикат комесарски да раководи со министерството за здравство на Иран.