1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари во Белград: Србија е против независно Косово

2 февруари 2007

Србија одбива независност на Косово, соопшти Марти Ахтисари по разговорите во Белград.

https://p.dw.com/p/Abzc
Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

Србија одбива независност на Косово, тоа српскиот претседател Борис Тадиќ јасно му го ставил на знаење, соопшти специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари по разговорите во Белград. Ахтисари на тадиќ му го претстави својот предлог-план за решавање на идниот статус на досегашната српска покраина Косово, која од интевренцијата на НАТО во 1999-та е под управа на ОН.

Ахтисари влезе на спореден влез во зградата на Претседателството на Србија, оти пред главниот демонстрират стотина членови на Здружението на исчезнатите Срби од Косово. Тие носат фотографии на киднапирани и исчезнати членови на семејствата и транспаренти на кои се бара Хашим Тачи и Агим Чеку да се најдат пред Хашкиот трибунал. Пред демонстрантите е поставен полициски кордон. Според агенцијата Бета, Тадиќ му предложил на Ахтисари да прими претставници на здружението, но тоа него “не го занимало”, па српскиот претседател се понудил да ги прими по средбата.

Премиерот на Србија Воислав Коштуница во знак на протест одби да го прими Ахтисари и да се запознае со планот. Официјално е образложено дека тоа ги пречекорувало овластувањата на владата на заминување, која само ги врши работите до формирање нова влада како резултат на неодамнешните парламентарни избори. Претседателот на Србија Тадиќ, инаку, има само репрезентативни задачи и не поседува вистинска политичка моќ.