1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ајхел во Брисел за германскиот буџет во 2005 година

11 мај 2004

Политиката и стопанството во Гермнија со возбуда го очекуваат четвртокот кога ќе биде објавена прогнозата со проценки за приходите од данокот во државата што е мошне битно за состојбата на буџетот. Се стравува со намалувања во износи од милијарди што е проблем и во однос на зоната на еврото.

https://p.dw.com/p/AeRL
Педро Солбес и Ханс Ајхел во Брисел
Педро Солбес и Ханс Ајхел во БриселФотографија: AP

Германскиот министер за финансии Ханс Ајхел го изнесе својот буџетски курс пред новиот европски комесар за монетарна политика Жоакин Алумниа. Министерот соопшти дека Германија во 2005 година, по четвртипат по ред, ќе има превисоки нови задожувања, над три проценити од бруто домашниот производ. Ајхел во Брисел укажа на престојната проценка на приходот од данокот и паднатите даночни добивки

“Ситуацијата не е радосна. Јас реков дека неможам да исклучам, при усвојување на буџетот да ја надминеме границата, но дека се’ ќе сториме, во текот на една ипол година да постигнеме резултат.”

Ова треба да значи дека во предлог буџетот за 2005 ќе бидат предвидени повисоки долгови, но дека министерот за финансии ќе се обиде да ги намали долговите во текот на буџетната година. Министерот ги одби исказите на некои колеги од кабинетот во Берлин, според кои треба да се напушти курсот на консолидација

“Сите зборувања за промена на финансиско – политичкиот курс се апсолутна безсмислица.”

Во моментов неможе повеќе да се штеди смета Ајхел, тоа би го спречило тукушто започнатото економско опоравување

“ Економскиот полет не е толку силен, за да неможе да биде скршен” рече Ајхел.