1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баварија-Штојбер заминува

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlK2

Со официјалната оставка,денеска покраинскиот премиер на Баварија,Едмунд Штојбер ќе го ослободи патот и за избирање наследник на оваа функција.Штојбер притоа ќе му ја предаде оставката на претседателот на покраинскиот парламент Алоис Глик.На 9 октомври досегашниот министер за внатрешни работи Гинтер Бекштајн треба да биде избран за нов премиер на германската покраина Баварија.

На дводневниоит Конгрес на христијанско социјалната унија вчера пак беше избран наследникот на Штојбер како досегашен шеф на партијата. Меѓу тројцата кандидати најголем број гласови од делегатите освои Ервин Хубер, досегашниот министер за стопанство во покраинската влада на Баварија.