1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баварски ска ја освојува Европа

27 февруари 2010

Членовите на „ЛаБрасБанда“ не ни сонуваа што ќе се случи кога пред две години ја формираа групата. На почетокот им беше забава, но во меѓувреме издадоа две ЦДа. Добриот глас за бендот од Баварија се шири низ цела Европа.

https://p.dw.com/p/LAhD
Петте момци од БаваријаФотографија: DW-TV

„ЛаБрасБанда“ е бенд, кај кој се’ се одвива со огромна брзина. Нивните баварски текстови се со брзо темпо, музиката меѓу балкански брас и баварски ска и згора на тоа неверојатниот успех за кратко време. Пред три години бендот не постоеше, сега членовите се речиси ѕвезди. „Стекнувањето слава не зависи од нас, туку потекнува од луѓето, кои ја сметаат музиката за добра,“ вели тромбонистот Мануел Винбек, кој исто како и останатите членови на бендот свири на дувачки инструмнет. Но, тие созадаваат современа музика.

Bildergalerie Deutsche Kirchen 10
МинхенФотографија: dpa

Настапи во живо

Откако сите членови на бендот набавија кожени панталони, почнаа да настапуваат и во живо, секогаш боси, но во баварски кожени панталони. Пет типови на бина, па зар тоа не е поп бенд? „Популарноста и поп музиката си припаѓаат едни на други и тоа сигурно е вгнездено меѓу брас-бенд и поп-бендот, бидејќи ги поврзува двете работи.“

Дувачките инструменти имаат посебна сила. Тоа го чувствуваат и момците од „ЛаБрасБанда“ при секој нивен настап, сеедно дали пред 300 или пред 3000 љубители на оваа музика. Цела Баварија е среќна што 25 години по големите успеси на пејачот Хајндлинг, повторно има некој кој пее на баварски, а не е поврзан со класичната народна музика.

Интересен состав

26.08.2009 DW-TV KULTUR.21 LaBrassBanda
LaBrassBandaФотографија: DW-TV

Местото Иберзее на Кимзее беше кумот на новиот албум: „Иберзее е нашата музичка татковина, бидејќи таму се наоѓа нашето студио, но доаѓаме од цела Баварија. Двајца студираа класична музика, другите џез, а Оли кој во Берлин работеше на електро и техно музика ни се приклучи подоцна,“ појаснува Виндбек.

Мануел да Кол пак подвлекува „Интересен е составот. Тоа е она што не разликува од поп или ’бој-бенд’, бидејќи такво нешто немало. Кај нас недостасува гитара и клавијатура и тоа од музички аспект е најинтересниот момент, а воопшто не е едноставно да се свири со туба, тромбон, труба, бас и тапани,“ вели тапанарот Мануел. А песните што ги компонира Штефан Детл пејачот и трубач во бендот, уште при првото слушање влегуваат во уво. Нив ги изведуваат на бините во Минхен, Лондон и Виена и ја воодушевуваат публиката ширум Европа.

Автор: Ренате Хајлмајер/Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев