1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн поразен во Бохум - Вердер сега има предност од 9 бодови; Борусија (Д) излегува од кризата

16 февруари 2004
https://p.dw.com/p/Aeo9
Втора бламажа на Баерн Минхен во рок од две недели: по елиминацијата во германскиот куп од страна на второлигашка екипа, сега, во 20-тото првенствено коло sвездите од Минхен се поразени на гостувањеето кај Бохум со 1 спрема 0. Голот е постигнат веќе во 8-та минута преку Мадсен, а Баварците не успеаја да направат резултатски пресврт иако имаа на располагање толку многу време. Навистина, во последната минута ја затресоа мрежата и со право можат да се пожалат дека се оштетени со поништувањето на голот. Полни 18 години Бохум чекаше на вакви моменти. "Навистина имавме среќа - постигнавмне гол со глава, израмнувањето во последната минута не беше од офсајд позиција, како што беше пресудено. Имавме среќа, но врз основа на обете полувремиња можам да кажам дека дека сепак освоените три бодоа не се незааслужени. Ние го зачувавме гласот на непобедливи овде на нашиов стадион. Токму по оваа победа сметам дека можам да кажам оти сме на вистинскиот пат кон меѓународната сцена", објективно ги оцени настаните тренерот на победничкиот тим Петер Нојрурер. Бохум, кој веќе 645 минути нема примено гол пред своја публика, е на петтото место, кое води на меѓународната сцена во наредната сезона. Отмар Хицфелд му оддаде признание на домаќинот: "Прво, честотки на Бохум и на Нојрурер, кој - како што можев да прочитам - сега за прв пат слави победа против Баерн. Нему тоа му успеа поради две еклатантни грешки на нашата одбрана - погрешно додавање и погрешна поставеност на играчите. Нам ни требаше премногу време за да се вратиме во играта", рече тренерот на Баерн. Инаку, Вердер со новата победа против Кајзерслаутерн - навистина тесна и постигната од пенал во последната минута - сега има веќе 9 бодови предност и сигурно граби кон шампионската титула, исто како што и Аилтон, врз кого беше направен прекршокот и кој самиот го реализира пеналот, со 19 голови е убедливо осамен на врвот на листата на стрелците. Од карактеристиките на колото уште да ја спомнене втората последовна победа на Борусија Дортмунд на гости - со двата гола на Евертон го кутна на колена Минхен 1860, потоа нерешениот резултат на Штутгарт на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со што испушти шанса да го претекне Баерн, како и поразот на Келн дома од Шалке со 2 спрема 0 со што тимот падна на последно место и значително се расипа позитивната атмосферата од финишот на есенскиот дел. Токму спротивен е случајот со Херта - со втората последовна победа, сега со 3 спрема 2 на гостувањето во Фрајбург, на новиот тренер Ханс Маер му успеа да направи пресврт кон подобро (иако, навистина, малку недостасуваше убедливите 3 спрема 0 да бидат прокоцкани). Светско првенство во нордиски дисциплини: "злато" за Мелер, сребрен медал за Апел Во зимските спортови нови медали за Германците. 22- годишниот Давид Мелер за првпат во кариерата стана светски првак во санкање. На првенството во Оберхоф тој го остави зад себе за само 8 илјадити делови од секундата ветеранот, 37-годишниот Георг Хакл. "Радо ќе цитирам еден голем човек, доктор Мартин Лутер Кинг: јас имам еден сон, и мојот сон денеска се исполни" - рече Мелер. Изминатите беа денови на исполнување спортски соништа: Норвежанката Лив Грете Поаре го освои и 4-от златен медал во скијачко трчање во Оберхоф победувајќи на патеката од 12,5 километри. Тоа не е изненадување, но секако е изеннадување сребрениот медал на Германката Катрин Апел - дури и за неа самата: "Ова е сон, морам да речам. Никогаш, всушност, не се ни осмелував да сонувам дека вака ќе испадне, посебно не во поединечна трка. Денеска едноставно се обидов да бидам релаксирана и пресреќна сум што на крајот тоа ми донесе медал", рече Апел.