1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн се` поблиску до титулата

27 март 2006

Баерн од Минхен со вчерашната победа нагости против Дуизбург со 3:1 направи крупен чекор кон освојување на шампионската титула.

https://p.dw.com/p/Aej2
Хасан Салихамиџиќ
Хасан СалихамиџиќФотографија: AP

Иако до 66 минута имаа негатива од еден гол, баварците не дозволија изненадување и со головите на Хасан Салихамиџиќ, Рој Макај и Клаудио Пизаро покажаа дека во моментов се неприкосновени во лигата.

„Денешната победа во Дуисбург беше многу важна за нас, со неа сме се поблиску до освојување на шампионатот. Сега мораме да гледаме да направиме предност која побргу и ќе ни ја донесе титулата„ рече по натпреварот тренерот Феликс Магат

Хамбург, со поразот на домашен терен од Борусија Дортмунд со 4:2 речиси и ги загуби шансите за шампионската титула. Теоретски шанси на седум кола пред крајот секако постојат. Разликата со првопласираниот Баерн кој има 65 бодови сега изнесува девет бодови. Опасно се приближува Вердер, кој со убедливиот триумф против Хановер од 5:0 го мина Шалке на табелата и сега заостанува само три бода зад Хамбург. По нерешените 2:2 дома против Волфсбург, Шалке со 52 освоени бодови падна на четвртото место .

Се понеизвесно станува во долниот дел од табелата. Кајзерслаутерн кој грчевито се бори за опстанок оствари значајна победа против Борусија Менхенгладбах со 3:0 и има само бод помалку од местото кое гарантира опстанок во лигата. Келн по ремито на домашен терен против Ајнтрахт од Франкфурт 1:1, и убедливо последен со само 19 освоени бодови речиси и да нема шанси да се избори за опстанок. Претпоследен е Дуизбург со 21 освоен бод.

Во останатите дуели. Мајнц и Херта ремизираа 2:2. Баер Леверкузен на гости го совлада Штутгарт со 2:0, Арминија и Нирнберг одиграа мирољубиво без голови.