1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн сигурно „гази„

3 март 2008

Баерн се зацврстува на лидерската позиција во Бундеслигата: убедлив против Шалке 04 кој по третиот последовен пораз се најде во криза во која се ниша местото на тренерот Мирко Сломка.

https://p.dw.com/p/DGrQ
Тренерот на Шалке 04 Мирко Сломка под притисок по новиот пораз дома, овојпат против лутиот ривал БаернФотографија: AP

Вечно вториот Шалке 04 скоро немоќен против Баерн, иако играше на домашен терен со што практично ги закопа соништата за титулата. По десет години пораз дома против рекордниот германски првак и сега разликата меѓу нив изнесува цели 12 бода. Тренерот Мирко Сломка спортски го прими поразот:

„Беше исклучително тешко да се одигра шанса, но мислам дека поради мирната и многу интелигентна игра на Баерн победата е заслужена„. Сломка засега останува на кормилото на Шалке до натпреварот од лигата на шампионите в среда против Порто, но ако не успее да мине во наредното коло, веројатно ќе мора да замине.

22 кола, 22 пати на првото место. Баерн убедлив со резултатите, иако не и атрактивен. Тренерот Отмар Хицфлед:

„На крајот имавме и малку среќа што не дојде до изедначување, зашто мислам дека Шалке ќе заслушеже нерешен резултат„.

Во трката за првото место останува Вердер од Бремен. Победи со 2 спрема 0 против Борусија од Дортмунд и заостанува 4 бода зад Баерн како најсериозен кандидат, икао играше без казнетиот плејмејкер Диего. Тренерот Томас Шаф:

„Екипата оди по својот пат. Заслужи комплимент во секој случај. честитки за победата„.

Во битката за третото место кое значи и право на квалификации за европската лига на шампионите, Хамбург поуспешен од Баер Леверкузен. Екипата на тренерот Хуб Стевенс убедливо подобра од Франкфурт: на крајот 4 спрема 1:

„Можам да искажам само пофалби за играта, по 120 минути од четрвтокот во купот. На целата екипа само комплименти„.

Баер од Леверкузен не ја потврди формата од изминатите недели во Бохум. Екипата на тренерот Михаел Скибе загуби со 2 спрема 0:

„Со настапот на мојата екипа во никој случај не сум задоволен. Не успеавме да го притиснеме противникот, па затоа и неуспехот беше логичен„.

Во дуелот меѓу екипата на оваа полусезона Волфсбург и домаќинот Карлсруе кој пак е екипа на сезоната, избраниците на тренерот Феликс Магат го претрпеа првиот пролетен пораз и тоа со 3 спрема 1. На тој начин тимот на Еде Бекер го мина Шалке на табелата и сега е петтопласиран што засега значи и место за купот на УЕФА:

„На почетокот на второто полувреме го зголемивме темпото, игравме одлично во нападот и подготвивме повеќе шанси за гол. Мислам дека заслужено победивме„.

Поглед кон дното на табелата: Дуисбург уште во петокот загуби од берлинска Херта со 2 спрема 0, Нирнберг загуби во Хановер со 2 спрема 1, а Билефелд во Росток извлече бод играјќи 1 спрема 1. Тренерот Михаел Фронцек кому ова му е првиот бод откако го презеде кормилото од почетокот на пролетната полусезона и кому му се заканува отказ, сепак задоволен:

„Според мене денеска заслуживме победа. Задоволен сум од играта. Тоа беше добра реакција на играта од претходното коло против Диусбург и мислам дека е можно врз ваква основа натаму да напредуваме„. Третиот од опашката Котбус воопшто не настапи, зашто натрпеварот против Штутгарт беше одложен поради опасноста од ураганот „Ема„. Трите екипи на опашката имаат по 17 бода со тешки изгледи некоја од нив да се спаси. На табелата и натаму води Баерн со 47 бода, пред Вердер кој има 43. Следуваат Хамбургер со 43, Баер од Леверкузен сега е четврти со 41, Карлсруе е петти со 36, а дури шести Шалке 04 со 35. На листата на стрелците води баерновиот центарфор Лука Тони со 13 голови, а го следат Младен Петриќ од Борусија Дортмунд и Марио Гомез од Штутгарт со по 11 голови. Зад нив петмина со по 10 постигнати голови.