1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баерн сигурно гази

17 април 2008

Вчера и завчера во првата германска сојузна лига се одигра 29-то коло. Во фокусот посебно беа екипите што се борат за опстанок.

https://p.dw.com/p/DjNA
Пред неодоливиот Баерн падна и франкфуртската тврдина. Тони, Рибари, Швајнштајгер се радуваат на голот на Ван БојтенФотографија: AP

Неочекуваното се случува најчесто. Арминија е победникот на колото од екипите што се борат за опстанок. Нирнберг загуби со 3 спрема нула во Штутгарт, Дуисбург дома од Карлсруе со 1 спрема 0, Котбус од Шалке со 5 спрема 0 и Росток против Вердер 1 спрема 2. Единствено Арминија од Билефелд во битката за опстанок заслужено го победи Баер од Леверкузен со 1 спрема 0. На екипата на тренерот Михаел Фронцек за првпат и успеа да се најде надвор од трите места што водат во Втората лига:

„Мислам дека тимот денеска играше фантастично„.

Од празот на Баер профитираше првакот Штутгарт кој го совлада Нирнберг со 3 спрема 0 и сега е со бод повеќе на петтото место што води во купот на УЕФА. Тренерот Армин Фе:

„Според мене, денеска игравме добро и тоа сите 90 минути. Се разбира дека како тренер сум задоволен„.

Веќе подолго време се радува Баерн од Минхен. Се наоѓа во топ-форма и лесно оди од победа во победа. По вчерашната победа во Франкфурт од 3 спрема 1 и натаму има десет бода поеќе од вториот Вердер, пет кола пред крајот на првенството. Два бода зад Вердер е Шалке, три бода зад него демне Хамбург кој во Берлин со Херта одигра без голови. Неуспех во битката за место во купот на УЕФА доживеа Волфсбург кој дома загуби од Бохум со 1 спрема 0. Ваквата констелација на табелата ќе остане во наредните десет дена. В сабота се игра финалето на купот меѓу Барен и Борусија од Дортмунд која вчера на домашен терен загуби од Хановер со 3 спрема 1. Шанса за Баерн да ја освои првата од посакувните три титули: во нациналното првенство, во домашниот куп и во купот на УЕФА.