1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакојани бара од Македонија да направи отстапки

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlZy

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, на Македонија и‘ порача дека патот кон НАТО и ЕУ е заемното прифатливо решение за името, Бакојани вчера во грчкиот парламент изјави дека, цитат, “Скопје што побргу мора да ја напушти позицијата на ќорсокак, бидејќи во вакви услови нема да има напредок во евроатлантските аспирации“. Вчера, во интервју за грчкиот весник, Катимерини, специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, изјави дека влез на Македонија во НАТО е шанса за решавањето на спорот со Атина за името. Тој истакна дека сé поврзано со спорот за името било замрзнато до парламентарните избори во Грција, но дека сега обидите за решавање на конфликтот повторнo ќе се обноват. Според Нимиц, слабото парламентарно мнозинство во Грција не е пречка за решавање на прашањето, а новата грчка влада е во позиција да донесува одлуки.