Бакојани чека на иницијатива од Нимиц
8 октомври 2007Реклама
Министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани изјави дека очекува иницијатива на меѓународниот посредник Метју Нимиц за решение на спорот околу уставното име на Македонија. Во интервју за весникот „Елефтеротипија„ Бакојани изјавила дека Атина е подготвена да бара заемно прифатливо решение, кое би било во интерес на стабилноста и просперитет на регионот.