1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканот има европска иднина

Горан Петрески29 ноември 2007

На Балканот веројатно му претстои турбулентен период, оценува поранешниот српски министер за надворешни и сега еден од претседавачите на Пактот за стабилност, Свилановиќ, и додава дека Балканот има европска иднина.

https://p.dw.com/p/CUU7
ЕУФотографија: European Communities

Очекувам мирно решение на косовското прашање иако неможам да тврдам дека на Балканот не му претстои турбулентен период, ако нема договор меѓу двете страни, вели Горан Свилановиќ, еден од претседавачите на Пактот за стабилност.

За Македонија освен проблемот со името и реформите состојбата во регионот ќе биде пресудна за прием во НАТО, смета Свилановиќ и додава дека може да биде многу лошо за земјата ако на пролет не добие покана за членство.

Поранешниот министер а надворешни работи на Србија, гостин на Институтот за демократија и фондацијата Фридрих Еберт во Скопје ги презентираше неговите проценки за европската перспектива на Балканот, и во однос на ова прашање е оптимист иако признава дека членството во Унијата сега е само сон за земјите од регионот.

Односите меѓу Македонија и Србија, Свилановиќ ги дефинира како добри и единствено црковниот спор го гледа како проблем во кој не треба да се мешаат државите.

Свилановиќ во Скопје го промовираше регионалниот Совет за соработка со седиште во Сараево кој треба да ја продолжи мисијата на Пактот за стабилност.