1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканот ќе учи во Македонија како да наплаќа даноци

27 ноември 2011

Денеска (27.11) во Скопје беше претставена Даночната академија на Управата за јавни приходи која од 2013 година треба да прерасне во место за едукација на даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа.

https://p.dw.com/p/13I2D
Директорот на УЈП, Горан ТрајковскиФотографија: Petr Stojanovski

Почетокот со работа на Даночната академија го означија денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП Горан Трајковски кои потпишаа повелба за функционирање на академијата која го одржа првиот час.

По наплата на даноците, Македонија меѓу најдобрите во светот

„ Фактот што даночната академија ќе спроведува обуки и на соседните земји покажува дека угледот на УЈП во меѓународните институции и во јавноста е се‘ поголем и оти кредибилитетот што беше изграден во изминатите години овозможува да прераснеме во институција која предничи со квалитетот во регионот “, оцени вицепремиерот Ставрески.

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien
Вицепремиерот Зоран СтаврескиФотографија: MIA

Ставрески потсети дека во неодамна објавениот засебен извештај на Светската банка за наплатата на даноците Македонија е рангирана на четвртото ниво во светот според општатата даночна стапка и според степенот на наплата на даноците. „Ефективната даночна стапка во Македонија од 9,7 проценти е четврта најниска во светот, а степенот на наплата на даноците е исто така меѓу најдобрите во светот, рече Ставрески.

Едукација во четири фази

Едукацијата преку даночната академија ќе се одвива во четири фази. Во првата ќе бидат едуцирани вработените во УЈП, втората фаза ќе ги вклучи и останатите вработени во државната администрација кои соработуваат директно со управата, додека третата фаза ќе вклучи и приватни и други субјекти од државата чија дејност е поврзана со УЈП. Четвртата фаза од даночната академија, која треба да почне кон средината на 2013 година е регионална даночна академија, наменета за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточна Европа и се очекува да придонесе за намалување на даночната евазија на регионално ниво.

Автор:СН/ЖА/миа/мф

Редактор: Жана Ацеска

-