1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балкан и сопственички права

7 јуни 2005

Во 2003 година пиратеријата на производи предизвика штети од околу 450 милијарди евра. Барем така проенува светскиот економски форум. Ако порано тоа главно беа цедиња, софтвер, часовници или облека, сега можат да се добија и фрижидери или лекови. Најголемиот број плагијати потекнуваат од Азија, но веќе не се продаваат само таму. И трговците од источно-европските земји фалсификуваната стока ја откриваат как

https://p.dw.com/p/AeOd

� извор за пари. Така и во Македонија.

Секако во Македонија има супермаркети и супер-модерни центри за купување. Но, во квартот во Скопје во кој живеат Албанци се е без конкуренција поефтино: спортски патики и долен веш, машини за перење или фрижидери, мобилни телефони и цедиња, најчесто копии зашто оригинали ретко има.

Побогатите трговци се наоѓаат зад големите тезги, еден до друг. Конкуенцијата и тука е белег на бизнисот. Напред се млади, на дрвени кутии и проддаваат цигари – само големи марки. Ама, еден пакет чини колку најмалку два во Германија. Некои се специјализирани. Едни нудат швајцарски часовници, други исклучиво електорника: ЦЕДЕ и ДВД плеери, радија, телевизори и цела палета стерео опрема. Многу е едоноставно да се започне разговор. Овој трговец продава главно спортски патики:

„Пума, Најки, Адидас, Бекам„.

Не, оригинални не се, вели. Стоката главно доаѓа од Кина и уште од неколку други земји. На овој пазар може се да се купи, вели трговецот. И тоа го мисли сосема сериозно. Ако муштеријата има посебна желба, се распрашува наоколу. Некој од познатите веќе ќе има некој што познава некого што може да го задоволи барањето. Иако трговците на овој пазар продаваат фалсификати, тие се чувствуваат сигурно:

„Нема контроли. Може да се продава без проблеми„.

Во македонското министерство за култура ова нерадо се слуша. Пазарувањето е во надлежност на министерството за економија, а царината е под надлежност на министерсвото за финансии. Сепак, властите формираа една работна група што треба да дејствува против пиратеријата. Македонија, имено, сака бргу во Европската унија. Во тоа трговијата со фалсификувани производи претставува пречка. Тодорче Тасевски, портпарол на министерсвото за култура вели дека законите во Макеоднија се заострени и секоја година на 12.12 во 12 часот јавно се уништуваат одземените копии:

„Од пред две години ја спроведуваме оваа акција на уништување. Одиме во училиштата и на универзитеот за да привлечеме внимание кон проблемот„.

Меѓутоа, недостигаат пари. Македонската влада бара спонзори, на пример кај големите фирми за софтвер. Во компјутерите на министерствата наводно веќе нема ниту една фалс-копија. Сепак и Тасевски признава дека трговијата со фалсификувани копии и стоки и натаму цути:

„Една од причините секако е лошата економска ситуација. Освен тоа, кај заштитата на сопственоста сме на самиот почеток. Овој проблем, патем, постои и кај земји кои се понапредни„.

Брзи интернет приклучоци во Македонија се малку проширени, отколку на пример, во Германија. Меѓутоа, техничките проблеми не се пречка за махерите да заработат добри пари. Ако на копирџијата му недостига рекордер, тој ги снима најновите холивуски филмови со камера – од телевизор. Квалитетот е очаен, но за евро-ипол сепак се продваат. Бизнисот оди добро, вели еден од трговците, токму затоа што луѓето имаат малку пари:

„И владата знае дека луѓето се сиромашни. Оригинали тешко кој може да си дозволи„.