1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Банкарите во „невозможна мисија“ во Давос

30 јануари 2010

Банкарите на Светскиот економски форум во Давос годинава имаа јасна мисија: да се спротивстават на зголеменото регулирање на работата на банките. Но, политичарите во Европа и САД веќе не можат лесно да ги придобијат.

https://p.dw.com/p/Lnaa
ДавосФотографија: AP Graphics

Банкарите кои годинава учествуваа на Светскиот економски форум во Давос имаа јасна намера да ги осуетат најавите на политичарите да се вмешаат во деловното работење на банките. Речиси на секој фоурм се дебатираше на оваа тема: „Ние сметаме декa не е мудро да се настапува со постојано нови идеи за регулурање, нови даноци, нови предлози, зашто тоа ја зголемува несигурноста и ја спречува стабилизацијата на финансискиот сектор,“ вели шефот на Дојче Банк, Јозеф Акерман, мислејќи притоа на човекот, кој не мораше да допатува во Давос за да доминира со форумот - Барак Обама. Пред една недела американскиот претседател излезе со радикален концепт за регулирање на финансиската бранша. Тој сака да ги разбие крупните банки на помали и да им ги забрани вносните зделки на сметка на државата. Банкарите стравуваат дека по најавите овој пат ќе уследат и конкретни дела, односно закони.

Банкарите подготвени на необични постапки?

Schweiz Davos Weltwirtschaftsforum Josef Ackermann
Шефот на Дојче банк Јозеф АкерманФотографија: AP

За да го спречат принудното разбивање, некои од банкарите се подготвени дури и на необични отстапки: „Како банките, така и политичарите сега сме единствени во ставот дека мора да бидеме активни при формирањето фондови за осигурување на банките на национално и на европско ниво. Подготвени сме уште еднаш да разговараме и за платите на менаџерите.“

Но, банкарите не се единствени ни меѓу себе, како што во Давос се обиде да сугерира шефот на Дојче банк, Јозеф Акерман. Големите американски инвестициони банки со сите средства ќе се борат против натамошно ограничување на можностите, додека некои европски банки веќе се откажаа од пружањето отпор. Несогласување постои и меѓу владите по прашањето дали мора да постојат единствени правила ширум светот. Носителитот на Нобеловата награда за економија, Џосеф Стиглиц смета: „Би можело да се каже, да. Глобален договор би бил многу подобар, но ме загрижува тоа што Американците ќе кажат дека Европејците мора први да почнат со реформата и обратно. Банкарите токму тоа го сакаат, оти знаат дека владите така никогаш нема да се спогодат. Затоа мораме да почнеме на национално ниво.“

Опомена од Саркози

Sarkozy Rede beim Weltwirtschaftsforum in Davos
Францускиот претседател Саркози во ДавосФотографија: AP

Притоа станува збор за многу повеќе, за начинот на стопанисување воопшто. Францускиот претседател Никола Саркози побара во Давос враќање на моралот во економскиот систем: „Не станува збор за тоа да го укинеме капитализмот, но мораме да се одлучиме каков капитализам сакаме. Соочени сме со девијантни појави на капитализмот. Капитализмот почива врз вредности. Финансискиот капитализам е изрод, кој ги погазува вредностите на капитализмот.“

Зборови, кои не им се допаднаа многу на банкарските шефови. Сепак до нив стигна пораката - во втората година по големиот крах на финансискиот сектор, граѓаните не сакаат да прифатат статус кво, во кое банките ќе можат да продолжат да функционираат како до сега.

Автор: Манфред Гецке/Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски