1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Банките во Европа значително ги зголемиле капиталните резерви

СН/дв4 октомври 2012

Најновиот стрес-тест за европските банки со кој се утврдува дали тие би биле подготвени да се справат со евентуална нова криза успешно го минале најголемиот дел од големите банки. Само четири банки „паднале“ на тестот.

https://p.dw.com/p/16JWV
Фотографија: fotolia

Големите европски банки значително го зголемија нивниот сопствен капитал во изминатите месеци. Ова произлегува од проверката извршена од страна на Европската регулаторна служба за банкарскиот сектор ЕБА. Кредитните институции од минатиот декември наваму ги зголемиле нивните резерви за повеќе од 200 милијарди евра, за да бидат подобро подготвени за евентуална нова криза. Дополнителните средства банките ги генерирале преку запирање на исплатата на дивиденди и со затворање или разградување на високоризичните делови од капиталот. Во т.н банкарски стрес-тест учествуваа 71 кредитна институција во Европа. Сите 12 германски банки кои учествуваа во тестот го остварија бараниот услов за 9 проценти основен капитал. Четири банки не ја остварија оваа вредност. Притоа станува збор за банки од Италија, Словенија и Кипар.