1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Банките да „подметнат грб“ во „раздолжувањето“ на Грција

17 октомври 2011

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се залага на Грција да и’ бидат простени повеќе долгови отколку што досега беше договорено. Се преговара околу тоа банките да се откажат од 50% до 60% од побарувањата.

https://p.dw.com/p/12tAT
Германскиот министер за финансии, Волфганг ШојблеФотографија: dapd

Банките треба преземат поголем дел од товарот, што се однесува до долговите на Грција. Досега договорените 21% очигледно не се доволни, посочува германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. „Учеството на приватниот сектор мора да биде доволно за да може со Грција да најдеме долготрајно решение!“

Се преговара околу тоа банките да се откажат од 50% до 60% од побарувањата. Поконкретни бројки ќе договорат шефовите на држави и влади на самитот следната недела.

На викендот, илјадници луѓе демонтрираа против се’ поголемите пакети за спас на банките, како и нивната преголема моќ. Сега политиката мора да докаже дека таа ги поставува правилата, а не дека се поведува по берзите, вели Шојбле. Тој сериозно ја сфаќа загриженоста на граѓаните.

Прилогот можете да го видите и како Видео на денот!

Автор: Бенјамин Ајсел / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска