1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Банкрот на фирмата Аеро Лојд

16 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeSs

Туристичката авио-фирма Аеро Лојд денеска во судот во Бад Хомбург поднесе две барања за отворање постапка за банкрот. Овие барања се однесуваат на Аеро Лојд туризам и на Аеро Лојд воздушен сообраќај, изјави судијата за една новинска агенција. Авио-компанијата денеска изутрина во 6 часот ги запре сите летови.
Во јуни годинава новото раководство предложи широка програма за санација на Аеро Лојд, зашто 11 септември во целата бранша остави длабоки траги. Оттаму и на оваа фирма и беше потребна финансиска инјекција што беше побарана од баварската покраинска банка. Но, таа не одговори позитивно. Не беше подготвена да истури пари што значеше запирање на работата во истиот момент. За илјада и 400 вработени прогласувањето банкрот дојде како гром од ведро небо, објаснува портпаролот на фирмата Азгер Шуберт:
"Практично со прес-информација најавивме дека денеска пријавивме банкрот во покраинскиот суд. Нормалниот тек на работите е да се повика и да се назначи банкрот управник. Тој е должен да ги носи натамошните решенија во смисла на тоа дали фирмата повторно може да работи.
Во сегашнава ситуација тоа не може да го прави раководството на фирмата".
Патниците кои во моментов се наоѓаат на одмор ќе бидат префрлени со други авио-компании, барем така се надеваат во фирмата. Во моментов станува збор за околу 4 илјади, зашто Аеро Лојд леташе на 60 линии во средоземјето, а нејзиниот возен парк има 21 најмодерни ербас-авиони.