1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан загрижен поради нестабилноста на Косово

9 февруари 2012

Напрегнатата ситуација на северот на Косово многу влијае врз дијалогот на Белград и Приштина и на разговорите за европската перспектива на регионот, оцени генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

https://p.dw.com/p/13zxs
Советот за безбедност расправаше за новиот извештај на Бан Ки МунФотографија: dapd

Претставувајќи го новиот извештај на Бан Ки Мун пред Советот за безбедност на ОН, помошникот на генералниот секретар Едмонд Миле изрази задоволство поради обвновувањето на дијалогот. Сепак, Бан Ки Мун изразува загриженост во извештајот поради нестабилната ситуација, која носи континуиран ризик од провокации и ескалација на меѓуетничките тензии.

Првпат во рамки на редовниот извештај на генералниот секретар на ОН за Косово е претставен и извештајот на специјалниот истражен тим на Еулекс за трговијата со органи. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ се заложи за тоа истрагата да биде водена под покровителство на Советот за безбедност на ОН, зашто „само така е можно таа да биде сеопфатна“. Косовскиот министер за надврешни работи Енвер Хоџај, пак, во Њујорк ги повика српските васти да ги повлечат припадниците на полициските структури од северот на Косово и нагласи дека „идејата за размена на територии е многу опасна“.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: Б. Георгиевски