1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун во Судан

5 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bbi6

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на почетокот на својата посета на јужносуданскиот кризен регион Дарфур ја подвлече нужноста од политичко решение на конфликтот.Тој ќе се заложи за напредок во мировните преговори меѓу суданската влада и бунтовниците.Освен тоа ќе бара стационирање на 26-те илјади сини шлемови од ОН,во кои се и војници од Африканската унија,во Дарфур.Тие би требало да се грижат освен за безбедноста и за обновата на регионот.

Според меѓународни проценки,во Дарфур загинаа околу 200 илјади луѓе,а повеќе од два милиони се во бегство.